Катастарски премер од 2005 проблем за новачани

0
528

Новачани пред надлежните ги кажаа проблемите околу легализација на своите објекти, на Отворениот ден на Катастарот во општината. Катастарски премер од 2005 за нив најголем проблем.

-Премер се вршеше на цело село и со тој премер на таа геодетска агенција, имаат тргнато погрешна кота и ни направи поместување на граничните места. Катастарот тоа го тврди, изјави Александар Угревски, од Новаци.

Стручните тимови за катастар, овој проблем го имаат детектирано од порано и на новачани им потврдија дека ќе биде решен со измени на законската регулатива и нов премер на парцелите, веднаш штом биде формирана новата Влада.

-Вакви ситуации како што се овде во Новаци, исто така имаме ширум Република Македонија. Анализирајќи ја целата оваа работа како Агенција за катастар и недвижнсоти, дојдовме до заклучок дека е неопходно да се преземат законски измени, со цел, да се изменат овие работи, изјави Славче Трпески, директор на Агенцијата за катастар и недвижности на Република Македонија

Отворените денови во општина Новаци се реализираа на барање на жителите

-Проблем жителите на Новаци имаат со катастарскиот препер од 2005 година, се надевам дека на денешната средба ќе се изнајде решение. Овие отворени денови ги реализираме на барање на жителите од Новаци, изјави Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности потврди дека акцијат „Отворени денови на Катастар“ се одвива осма година по ред и истата по директните контакти со граѓаните од урбаните сега ќе се насочи и кон руралните општини.