Катастрофални поплави ја погодија Јапонија, куќите под вода, луѓето на кровови

0
274

Овој град со 65000 жители, поплавен по излевањето на реката Кинугава. АФП наведува дека телевизиските снимки од тој град се драматични и дека водата носи се пред себе додека очајните жители чекаат помош.

Власите поради поплавите наложија  итна евакуација на десетина илјади луѓе.

Силните врнежи не запираат веќе втор ден, а стотина куќи се поплавени, пренесоа агенциите.

Според наводите на противпожарната и службата за кризни ситуации, 15 лица се повредни во невремето, помеѓу кои две потешко.

Властите во Точига наложија евакуација на повеќе од 90 000 луѓе, а во Ибарка најмалку 20 000.