Катица Јанева доби тим од 12 обвинители

0
322

Специјалната обвинителка Катица Јанева и Советот на јавни обвинители денеска попладне ги надминаа недоразбирањата. Таа го доби својот тим од 12 помошници, кои утре во 11 часот ќе дадат свечена изјава, по што ќе можат да започнат со работа во специјалното обвинителство. Ваквата одлука ја донесоа 11-те члена на Советот на јавни обвинители на седницата која се одржа итно попладнево, откако претходно Јанева доставила ново коригирано барање, со кое наместо седум, бара дополнителни пет обвинители за нејзиниот тим.

Седницата започна во 16 часот и на неа присуствуваа и државниот обвинител Марко Зврлевски, како и претставници на ОБСЕ. Катица Јанева не дојде на седницата, бидејќи претпладнево на средба со Аневски го информирала за листата на предложени кандидати.