Катица Јанева и послушниците на Заев се изживуваат со Владимир Талески

0
1016

По продолжувањето на мерката куќен притвор за градоначалникот на Битола, се огласи владеачката партија ВМРО ДПМНЕ.

„ Ниту постои било каква вина кај градоначалникот Владимир Талевски, ниту пак тој се обиде во изминативе 30 дена да избега или да влијае на истрагата, откако по барање на Катица Јанева му беше изречена мерка куќен притвор. Напротив, Талески и вчера редовно се појави на покана на СЈО.

Од чист политички реваншизам, само за да се задоволат деструктивните нагони на Заев и криминалците околу него, Катица Јанева без никаква причина побара на Владимир Талески да му биде продолжен притворот.

Катица Јанева и послушниците на Заев се изживуваат со Владимир Талески, иако општина Битола во законска процедура плаќала по 4,2 денари од километар за ученик, а аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот партнер од Куманово Зоран Дамјановски плаќале многукратно поскап превоз.

Во ваквото однесување на Катица Јанева нема правда. Има само политички мотивирана пресметка со неистомислениците на Зоран Заев. За оваа неправда и за политичкиот прогон кој го гледаме некој ќе сноси законска одговорност.

Сега кога патот до изборите е чист и кога просторот за ново бегство на СДСМ е многу мал, паниката кај Заев и Катица Јанева е се поголема. Јасно им е дека единствената алатка во кампањата на СДСМ е партиското настапување на специјалното обвинителство и дека е тотално неуспешна и не поминува кај граѓаните.

Народот ќе си дојде по своето на изборите“ ,  се вели во рекацијата на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.