Катица Јанева специјален обвинител

0
426

Катица Јанева, актуелната обвинителка од Гевгелија ќе биде новиот јавен специајлен обвинител, партиите во 5 часот утрово се договорија за име и за законот по кој ќе работи новисот специјален обвинител, тврдат за 24 вести изввори од преговорите.

По повеќе од 15 часа работаната група под силен меѓународен притисок од амбасадорскиот двоец Орав и Бејли, како и посредникот Ванхауте ги договорија измените на законот за јавен обвинител и ги прецизираа сите детали. Неофицијално на состанокот ноќеска присутни биле и лидерите на СДМС Зоран Заев и на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Неофицијално  решението на најспорното законско прашање – околу бројот на обвинители, кои заедно со специјалниот ќе работат на случајот „Пуч“ и аферата „Прислушување“ останало како што предлагаше Брисел, специјалниот обвинител по изборот сам да каже колку обвинители му се потребни.
Според информациите законот уште денеска ќе се најде во Собрание, така што ќе биде достапен за сите.

Без коментари

LEAVE A REPLY