Католиците и дел од правсловните го слават Божиќ

0
364

Католичките верници и дел од православните христијани кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божиќ.

Честитајќи им го празникот Божик на католичките верници на литургијата ја прочита божикната порака.

За нас верниците Божик е вистинска средба со Бога и тоа длабока во нашата свест, совест и нашето срце. Бог е создател на материјалните добра, но нив ги даде да со нив се служиме а не да робуваме. Посебно, со материјалното да не присилуваме други на немаштина и вистинско сиромаштво. Бог со овој настан објави вистинска слобода, каде човекот е најголема вредност дури и да е повиен во пелени и положен на слама во јасли. Неговата големина не се состои во тоа што има, туку во тоа што е. Божјата скромност е силна порака на денешниот раскошен и заробен човек со сите изуми како што се: хедонизмот, материјализмот, егоизмот.