Кацикарис: „Шутот е најголемото оружје на Македонија„

0
440

Селекторот на репрезентацијата на Грција, Фотис Кациракис во пресрет на првиот дуел со Македонија, ја смирува еуфоријата која владее во нашиот јужен сосед. „Мораме на секој натпревар да влеземе максимално фокусирани. Македонија има неколку искусни играчи, како браќата Стојановски, плејмејкерот Илиевски, а тука е и центарот Самарџиски. Во тимот им се приклучија и неколку млади кошаркари. Од наша страна треба да бидеме цврсти во одбраната, доколку сакаме да триумфираме на овој меч. Треба да внимаваме на нивните шутеви од далечина, на обидите за три поени кои можат да не изненадат. Шутот од дистанца е нивно силно оружје“ истакна еден од најмладите стручњаци на Евробаскетот. Мечот меѓу Македонија и Грција се игра денес од 18 часот во загребската арена, а се предвидува повеќе македонски од грчки навивачи на трибините.

Без коментари

LEAVE A REPLY