Каваи Ленард е дефанзивец на сезоната во НБА лигата

0
477

Кошаркарот на Сан Антонио, Каваи Ленард е прогласен за најдобар дефанзивец во НБА лигата, во сезоната 2015/2016.

Во изборот на американските спортски новинари Ленард доби 84 гласови и наградата ја освои пред Дрејмонд Грин од Голден Стејт и центарот на Мајами Хасан Вајтсајд.

Крилниот играч на Сан Антонио и минатата година ја понесе оваа престижна награда, што претходно не му успеало на ниту еден друг играч.

Оваа сезона Ленерад во просек по натпревар бележел 21,2 поени и 6,8 скокови и 2,6 асистенции.

Без коментари

LEAVE A REPLY