Кавга за вработувањата и Офицерски дом во битолскиот Совет

0
1322

Понеделнички пред советниците на 67 та седница на Совет три точки за расправа. Како прва точка од дневниот ред беше Одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2017 година. Ова значи дека од ставката основни плати -државни службеници 1.200.000 деанри се префрла во ставката привремени вработувања.Опозицијата не ја поддржа точката, а Петровска образложи и зошто.


-Целиот процес започна во месец август 2016 година. Се спроведуваше во целокупно за нас сомнителни околности, заради тоа што после донесувањето на согласноста за вработување, после завршувањето на огласот, три кратно по истиот оглас беа донесувани решенија. Првото решение беше на 26.10 2016 година, второто решение за исто лице, за истиот оглас повторно се донесе решение  на 02.05.2016 година на неизбрана Влада, и трето решение по ист оглас добивме во месец јуни 2017 година. Ова покажува дека трикратно практично се носеле решенија за вработување по еден ист оглас, изјави Наташа Петровска советник од СДСМ

Иако точката беше изгласана со 16 гласа за и 11 против, после ставањето на дневен ред на втората точка, а тоа беше одлука за измена на Одлуката за кофинансирање (учество) на Општина Битола со цел аплицирање за реализација на подпроект за „Реставрирање и адаптирање на Офицерски дом заедно со партерното уредување“ – Битола, меѓу советниците се разви жестока дискусија повторно за вработувањата во општина Битола-На комисија од овластените служби ни беше кажано дека во општина Битола имаме недостиг на кадри кои што ќе работат на работи поврзани со прокти добиени од европски фондови. Ние имаме недостиг на кадри кои што ќе треба да аплицираат за општина Битола да добие пари, или тоа е сведено на еден двајца луѓе кои што работат во општинската администрација, а сега пред 15 минути изгласавме точка со која што ја прошируваме општинската администрација, изјави Зоран Стојчевски, советник од СДСМ.

Му реплицираше Олга Лозановска


– Да те потсетам Стојчевски дека кога се донесе законот за вработување на волонтери во Клиничка Болница се вработија сите волонтери, без разлика од која партија се, и никој ништо не рече, зошто овај е вработен како вие сега. Од сите работи вие саката да правите популизам, изјави Олга Лозановска,советник од  ВМРО-ДПМНЕ

Расправата продолжи со меѓусебни обвинувања за тоа кој е виновен и кој го уништи Офицерски дом.


-Вие сте конфузни кога сега зборувате за реставрација на Офицерски дом. Поранешниот премиер и лидер на вашата партија донесе одлука за продажба на Офицерски дом и вие од овде ја браневте таа одлука, и сега велите дека треба да се реставрира, изјави Александар Касапов, советник од ЛДП


-Проблемот со Офицерски дом беше и во времето кога министер за култура беше битолчанец и кој што не го реши. Корените со Офицерски се подлабоки. Не беше дека ние ќе го продаваме, тука се наоѓаше начин каде што навистина ќе се најде местото да Офицерски дом биде искористен за тоа за која што му е намената, изјави Соња Трпезановска, советник од ВМРО ДПМНЕ.

Точката за Реставрирање и адаптирање на Офицерски дом заедно со партерното уредување, ја доби подршката и од опозицијата. Пред советниците денеска се најде Одлуката за донесување на Општ акт за село Буково и утврдување на услови за начинот на градење во село Буково – Општина Битола, за кое нема урбанистички план.