Кавги и навреди

0
534

Комисиите за прислушување и за надворешна политика беа одложени заради неприсуството на поранешниот министер транспорт и врски Миле Јанакиески и шефот на дипломатија Никола Попоски. Јанакиески, исто како и неговите сопартијци Зоран Ставрески, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков и Мартин Протуѓер не се појавија иако беа повикани како сведоци во Анкетната комисија во врска со аферата прислушување. Додека пак министерот Попоски требаше да има излагање пред посета на Атина. Ваквата атмосфера повторно беше причина за жестока расправија меѓу пратениците.

„Госпоѓо Владанка, зошто сте имале толку несреќно детство? Што ви правеле кога сте биле мала? Не ли ве научиле? Јас зборувам тука, вие побарајте збор и ќе добиете, почекајте ме да завршам“

Со овие зборови и се обрати претседателот на комисијата Петре Шилегов на пратеничката од мнозинството Владанка Арвировиќ откако таа му упадна во збор. Претходно кон Шилегов биле упатени навреди од мнозинството дека тој е неписмен и не знае да ја води Комисијата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараа извинување од Шилегов.

„Ние знаеме дека тој е од различна политичка партија, дека има можеби една нервоза од последните анкети, но сепак да се упатуваат кон некого навреди, психолошки квалификации, какво детство имал некој или каков живот, кој заслужува или не заслужува процедурална интервенција на самата седница е надвор од секое пристојно однесување на секој праеник“, вели пратеникот Антонио Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој додаде дека тој и неговите колеги се згрозени од таквото однесување.

Шилегов на ова одговори :

„Конкретната пратеничка е задолжена за реметење на редот на работата на анкетана комисија од пратеничката група. Госпоѓата заслужи да добие коментар после три или четири недели после секојдневни дофрлања и навреди кон претседателот на анкетната комисија. Не ми паѓа на памет на таков лик да се извинам.“

Без коментари

LEAVE A REPLY