Кавги кој да носи помош

0
1566
Речиси 223 илјади евра помош за поплавените е собрана од телефонските и трансакциски донации на граѓаните за три дена.  5500 пакети со храна, облека, душеци и вода вчера поделиле волонтерите од Црвен крст на терен. Во меѓувреме, хуманитарците се скараа кој да собира, а кој да носи пакети до семејствата. Од Црвен крст велат владата  донела одлука сета помош да биде доставувана до нивните пунктови, но нема забрана да се затворат пунктовите кои се отворени на иницијатива на граѓаните.
„Идејата е да се канализира хуманитарната помош и хуманитарните донации. Тие треба да бидат донирани во пунктовите на Црвен крст, а потоа од тука можат тие како волонтери, да бидат дел од дистрибуцијата, така што треба да се пријават во Црвен крст дека сакаат да бидат дел од екипите кои ќе работат на терен и сите заедно ќе го правиме тоа“, вели Сузана Пауновска – секретар на Црвен крст.
Не се откажуваат ниту граѓанските активисти. Пакетите продолжуваат да ги делат и на терен.
Речиси во секоја од населбите има граѓани од тие населби кои сами си организираат свои пунктови и дистрибуираат помош. Но, што се однесува до мене, јас немам намера да носам ништо во Црвен крст, вели граѓанскиот активист Павле Богоевски кој дел од волонтерите кои самоиницијативно работат на пунктови за помош.