Кавко време очекуваме денска, утре и за викенд

0
464

Утрово низ земјава е помагливо долж текот на Вардар. Маглата во овој регион ќе се задржи подолго во текот на претпладнето. Очекуваме одредено расчустување околу пладне, а навечер повторно ќе има добри удлови за ново формирање на магла и ниска облачност. На повисоките места во текот на целиот ден ќе биде сончево.

Низ котлините, заради слојот на ниска облачност максималната температура тешко дека ќе надмине 5°С , додека на повисоките места и охридско ресенскиот крај ќе има вредности околу 13°С, а во гевгелискиот крај околу 17°С. Очекуваме во пелгонискиот регион температурата денеска да достигне вредности околу 10°С.

И во петок наутро се очекуваат услови за магла, но повеќе во утринските часови. Спуштањето на малку постуден воздух од север ќе услови поголемо „расчистување“ на атмосферата. Температурата во однос на четврток ќе биде пониска за околу 2°С.Сабота  и недела ќе имаат слично време. И давата дена повторно ќе бидат сончеви на повисоките места, а низ котлините ќе има услови за формирање на слаба до умерена магла која ќе се разчистува во претпладневните часови. Сабота ќе биде посвежа од недела за околу 2°С. Температурата во недела на повисоките места  и во гевгелискиот регион ќе достигне максимум  во граниите од 12°С до 16°С, а низ поголем дел од низините околу 8°С, прогнозира МЕТЕОПРО.

Без коментари

LEAVE A REPLY