Казна од 510 евра и забрана за влез во Македонија од 6 месеци за новинари и волонтери

0
962

Околу стотина лица, волонтери, новинари, сниматели и фоторепортери кои вчера илегално ја поминаа македонската граница од Грција беа казнети со по 510 евра и шестмесечна забрана за влез во Македонија.

Најголем дел од казнетите лица се државјани на Германија и на Грција. Неофицијално, казната за грчките граѓани била платена од канцеларијата на Грција во Македонија.

Овие лица беа казнети за илегален влез и „за помагање и олеснување на движење на мигранти за илегален премин преку државната граница и движење во кризно подрачје и остварување на илегален влез во Македонија надвор од контролниот премин“.