Казнена политика кон Унгарија

0
366

Европската комисија денеска соопшти дека ќе отвори казнена постапка против Унгарија поради законската регулатива за невладините организации.

Унгарскиот закон ги задолжува организациите што добиваат средства од странство над 24.000 евра годишно да наведат дека се поддржани од странство.

Имено, во согласност со овој закон во Унгарија, невладините организации кои на Владата нема да ѝ ги кажат деталите за начинот на добивање на средствата подлежат на казни.

Комисијата забележува дека ова законодавство не соодветствува со правилата во Европската Унија, па затоа на официјална Будимпешта ѝ дава рок од еден месец за одговор. Според Европската комисија, спорниот закон е во спротивност со правото на собирање, со слободата на движење на капиталот и не обезбедува заштита на личниот живот.

ЕК потенцира дека во април годинава ја предупредила Владата на Унгарија за своите забелешки за законот, а исто така нагласува дека и Советот на Европа изразил сомненија за неговата дозволивост.

Според Европската комисија, доколку се покаже за неопходно, Унгарија ќе биде изведена пред Судот на Европската Унија.

Без коментари