Казни од по 50 ева за Пировска и Најчевска

0
603

Професорката Мирјана Најчевска и Извршниот директор на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска  се казнети со по 50 евра казна затоа што фрлале боја за време на протестите на „Шарената револуција“.

Демонстранти од „Шарената ревоулуција“ се собраа утрово пред Полициската станица за да им дадат поддршка.

Најчевска не влезе на разговор, внатре беше само нејзиниот адвокат, а таа истури боја на објектот на Полициската станица.

Пировска изјави дека го признала делото, но не го потпишала платниот налог бидејќи според нејзе, фрлањето на боја на протести е право на сите граѓани.

Пред Полициската станица „Беко“, се појавија неколкумина протестани со транспренти против „Шарената револуција“ и Најчевска и Пировска, но веднаш си заминаа, откако демонстрантите ги забележаа и почнаа да викаат по нив. /крај/мф