Казни за неисчистен оџак

0
2349

Почна грејната сезона, а со тоа почнаа поголемите финансиски трошоци за граѓаните. Освен што треба од својот буџет да одвојат средства за набавка на дрва, пелети или пак повисоки сметки за струја за да се згрејат, може да бидат казнети од инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување, ако оџакот не им е исчистен. Казната за приватни лица се движи од 1000 до 2000 евра, а за фирмите од 2000 до 5000 евра во денарска против вредност .

koco

-Освен граѓанинот, законска обврска на сите јавни институции и служби, во текот на грејната сезона минимум еднаш треба да ги исчистат своите оџаци и грејни тела. Да не бидат граѓаните изненадени ако им дојде инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување, за да види дали ги исчистиле оџаците. Казните како за приватното лице така и за фирмите и службите се доста високи, изјави Костадин Поповски, командир на ТППЕ во Битола

Од ТППЕ велат дека најголем фактор за појава на пожар во зимскиот период се неисчистените оџаци и зголеменото оптеретување на електричната инсталација.

odzak-ne-gori

-Апелираме до граѓаните, задолжително барем еднаш годишно да ги исчистат своите оџаци,за да не дојде до настанување на пожар, сами да водат сметка за своите грејни тела, бидејќи преоптеретувањето на електричната инсталација може да доведе исто така до пожар. Со самото тоа што ќе го исчистат оџакот и што ќе водат сметка за грејните тела добиваат зголемена сигурност, ќе им се намали потрошувачката на горивото и трето добиваат зголемена температура, додаде Поповски.

Поповски наведува дека и неисчистениот оџак дополнително влијае на зголемено загадување на воздухот .

-Една од главните причини за зголемените ПМ честички во воздухот, се токму несогорувањето на материјалот кој што гори: дрва, ќумур, мазут, нафта итн., вели Поповски

Минатата година на ниво на општина Битола ТППЕ интервенирала 316 пати од кои 65 до 70% биле интервенции поради неисчистени оџаци.