Ќе докажеме дека постапката е транспарентна

0
1169

Градоначалникот на Битола Владимир Талески тврди дека нема незаконитост во постапката со  тендерите при избор на превозници во Битола, предмет што под името Транспортер го отвори СЈО и во кој тој се сомничи дека ја злоупотребил службената положба со тоа што противзаконски општината го плаќала најскапиот превоз.

-Станува збор за наметната постапка и не може врз основа на една снимка да се конструира ваква политичка хајка. Постапката е транспарентна и ние ќе го потврдиме и ќе го докажеме тоа, изјави Талески по распитот во СЈО.