Ќе доцни есенската сеидба во Пелагонија?

0
637

Обилните врнежи од дожд кои што ја зафатија Пелагонија  изминатите неколку дена  доведоа до зголемување на влажноста на почвата која негативно влијае врз изведување на подготовките за есенската сеидба, но и го спречува собирањето на производите од полињата.

srbinovski
-Околу 80% прибран бил сончогледот. Пченката во зрно била прибрана само 10%, а пченката за силажа прибрана била скоро 80%. И градинарските култури скоро биле прибрани, рече Илија Србиновски раководител на ПЕ МЗШВ-Битола

Од планираните 20 илјади хектари за сеидба досега биле засеани само 1000 хектари. Ако некогаш рокот за сеидба бил до 15 ноември , сега тој рок се пролонгирал поради врнежите од дожд.

-Есенва очекуваме околу 18 илјади хектари да бидат засеани, од кои 10 илјади со пченица, околу 4 до 5 илјади со јачмен, рече Србиновски

Приносот годинава од земјоделските култури бил на задоволително ниво, вели Србиновски.

Во Пелагонија има 38 илјади хектари обработливо земјиште.