Ќе ги заменат ли пелетите дрвата како огрев?

0
886

Секоја зима истата главоболка, огревот за време на студентите денови. Сведоци сме дека изборот на граѓаните, заради домашниот буџет, е ограничен, па струјата како начин на греење се остава на последно место, нафтата и плинот тука некаде, а дрвата предничат. Кога сме кај дрвата, годинава цените пораснаа, но проблем се јави и со немањето доволни количини, со што дел од граѓаните ги добија доцна, а оние позагрижените веќе почнаа со уплата за до година.Но на пазарот веќе 6-7 години има нов начин на греење, пелети или брикети, за што, оние кои се занимааваат со оваа дејност, велат дека интересот расте.

 

dojcinovski

Пелетите на почетокот беа поскапи како ги снемува дрвата а пелетите поевтинија интересот за ваков начин на греење порасна, вели Јован Дојчиновски сопственик на компанијата АБЦ Дојчиновски.

Цената скоро како да се греете со дрва, но конфорот на оној кој се грее на пелети е поинаков.

Ако едно семејство користи 18 м3 дрва за една грејна сезона односно околу 900евра, со пелети користи 4т, стан на пример 40м2 би потрошил до 200 евра една грејна сезона, додава Дојчиновски.

Во време кога и загадувањето на воздухот ни виси над глава како голем проблем кој е наизразит за време на грејната сезона, со пелетите се грижите за животната средина.

Бидејќи има чад само неколку секунди при палењето, поеколошки е греењето на пелети

Дојчиновски додава дека со 600 евра месечно, 100 м2 со пелети се затоплуваат цела грејна сезона, нема валкање,сечење, цепење, редење и слично, процесот е многу поедноставен додава тој.

Без коментари

LEAVE A REPLY