Ќе има помош за работниците со ниски примања да одат на одмор

0
1066

Работниците кои имаат примања до 22.000 денари со субвенција од 15.000 денари која ќе им ја додели владата ќе можат да одат на годишен одмор надвор од сезона во некој од туристичките центри на Македонија. Оваа мерка ја промовираа  министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Александар Донев, а одлуката била донесена на  последната владина седница.

„Врз основа на Ребалансот на Буџетот во Програмата на Министерството за економија се обезбедени средства во износ од 60.000.000 денари за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, односно околу 4000 семејства ќе можат да ја искористат оваа мерка на владата. Врз основа на оваа програма, Министерството за економија во наредните денови ќе објави два јавни повици и тоа: Еден за пројавување интерес на угостителските објекти кои ќе ги примат потврдите издадени од страна на Министерството за економија и еден повик за добивање на потврда за организирање на одмор за работниците со пониски примања, односно со примања до 22 илјади денари по семејство“, рече министерот.

Без коментари