Ќе имало пари за северна трибина на стадионот во Битола

0
589

-Нешто што е многу битно е започнувањето на изградбата на една голема функционална целина на северната трибина од стадионот во Битола. За 2016 година веќе се одвоени дел финансиски средства од нашиот буџет, а во овој период го бараме начинот како со потенцијалните изведувачи да го средиме начинот на плаќање.Така што индустриската зона „Жабени“, касарната, патната инфраструктура, се она што го правиме во делот на образованието со реконструкција и обнова на училишта, стадионот, а планираме и реконструкција на спортската сала во 2016 година, мислам дека ќе биде едно заокружување на најсуштинските, најзначајните проекти, се разбира тука вклучувајќи го и завршувањето на киното „Манаки“. Планираме некаде до шести месец да го заокружиме градежниот дел од проектот „Кино Манаки“, изјави градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески зборувајќи за буџетот за 2016 година.