Ќе инсистирам на исплата на субвенциите и парите од ланските штети

0
746

Градоначалникот на Ресен д-р Ѓоко Стрезовски вели дека она на што ќе инсистира пред надлежните институции е што е можно поскоро исплата на субвенциите на земјоделците и исплата на парите од минагодишните штети, кои преспанските земјоделци со нетрпели ги чекаат заради финансиската истоштеност во изминатиов период.

Тој вели дека големи се годинашните штети од студот кој уништи голем дел од јаболковите насади во Преспа.