Ќе ја истресам ’рѓата од надворешната политика

0
338

Доналд Трамп, водечкиот кандидат на Републиканската партија за претседателската трка, изјави дека, ако биде избран за претседател, ќе работи на подобрување на односите со Русија и Кина. Во говорот посветен на неговата надворешна политика, тој рече дека сојузниците на САД мора повеќе да трошат за својата одбрана.

Според Трамп, можно е намалување на сегашните тензии со Москва и од, како што рече, „позиција на сила“, но и врз основа на „заеднички интереси“.

„Здравиот разум вели дека овој ужасен циклус на непријателство мора да заврши и идеално е тоа да биде порано отколку подоцна“, изјави Трамп пред рускиот амбасадор во Соединетите Држави, Сергеј Кислијак кој седеше во првиот ред за време на говорот на Трамп во еден хотел во Вашингтон.

Трамп кој надворешната политика на претседателот Барак Обама ја оцени како „тотална катастрофа“ рече дека Вашингтон и Москва имаат заеднички интерес, меѓу другото и во борбата против „исламскиот тероризам“.

Рускиот амбасадор Кислијак одби за Радио Слободна Европа да ги коментира изјавите на Трамп за Русија.