Ќе ја смирува Европа по победата на Трамп

0
186

Американскиот претседател во заминување Барак Обама денеска е во Атина на првата станица од прошталното патување надвор од САД чија цел е да ја смири загрижената Европа по ненадејната победа на Доналд Трамп на претседателските избори, јави АФП.

Веднаш по пристигнувањето во Грција, каде на сила се екстра зајакнати мерки на безбедност Обама ќе одржи заедничка прес конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Во фокусот на разговорите на оваа инаку прва посета на Обама на Грција ќе биде грчкиот долг како и стотиците илјади мигранти кои бегајќи од Блискиот исток прва станица им беше Грција.

Бугарската агенција БГНЕС пред два дена, повикувајќи се на американската фондација Херитиџ која се смета за столб на креаторите на американската надворешна политика објави дека посетата има три цели: Обама ќе побара од Ципрас да го симне „незаконското“ вето за влез на Македонија во НАТО, да гласа за нови санкции против Русија и да ги затвори грчките пристаништа за руските бродови.

– Прво, треба да се даде поддршка на целите на Македонија. Цврстата позиција на Грција за името ја доведува во прашање политиката на отворени врати на НАТО. Грција треба да и дозволи на Македонија да влезе во НАТО што е предвидено и во договорите, категорични се од Херитиџ Фондацијата.

Второ, да ја притисне Грција да гласа за обновување на европските санкции за Русија, кога во декември ова прашање одново ќе биде ставено на гласање во Европската унија.

Трето, Грција да биде против тоа руските бродови да ги користат грчките пристаништа. Според оваа Фондација, претседателот Обама треба јасно да и стави на знаење на Грција дека поддршката на руската флота е неумесна за една членка на НАТО се додека Русија незаконски го окупира Крим и Москва продолжува со поддршката на сирискиот диктаторот Бараш ал Асад, објави БГНЕС.

Без коментари

LEAVE A REPLY