Ќе ја затвориме границата ако тоа го сторат Словенија и Хрватска

0
378

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ повика на единствен пристап на ЕУ во бегалската криза, укажувајќи дека доколку Австрија и другите држави од балканската рута ги затворат границите и Србија ќе биде принудена да го стори истото.

Дачиќ потсети дека Србија досега имаше фер и конструктивен пристап по ова прашање за што има добиено пофалби од целиот свет.

„Низ нашата земја минатата година минаа 600.000 мигранти. Не загрижува тоа што ЕУ нема единствена политика и став што да се прави, а разните поединечни мерки на државите не доведуваат во тешка ситуација“, рече Дачиќ за Дојче веле.

Натамошните чекори на Србија првенствено ќе зависат од потезите на државите кои се на западно-балканската рута, рече Дачиќ, напоменувајќи дека според австрискиот министер за надворешни работи, Виена би можела да го ограничи бројот на мигранти и тоа до квота од 37.500.

„Треба да видиме што Австрија има намера да направи, дали ќе ја затвори својата граница, а потоа да видиме дали истото ќе го направат Словенија и Хрватска. Во тој случај и Србија би била принудена едноставно да ги затвори границите, бидејќи немаме можност толку голем број на луѓе да останат во Србија“, рече Дачиќ. /крај/мф/ап/