Ќе лансираме ракети и во иднина

0
260

Северна Кореја потврди дека вчера лансираше ракета која ја прелетала Јапонија и ги погодила водите во Тихиот Океан, како што било и планирано.

Ракетата „Хвасонг-12“ со среден дострел, чие лансирање го надгледувал севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, го „пресече небото над островот Хокаидо и `ртот Еримо долж однапред одредена траекторија на летот и точно ги погоди водите во северниот Тихи Океан, извести севернокорејската новинска агенција КЦНА.

„Вежбата не влијаеше на безбедноста на соседните земји“, пренесува КЦНА, додавајќи дека севернокорејскиот лидер изразил „големо задоволство“.

– Ќе има уште лансирања на балистички ракети во кои Тихиот Океан ќе биде цел и во иднина, рекол Ким.

Ким Џонг-ун ја оквалификува ракетната проба како прв чекор во подготовките за воена операција предводена од Корејската народна војска во Тихиот Океан и вовед во запирањето на Гуам, што тој го опиша како истурена база за инвазија, објави ТАСС.

Без коментари