Ќе поевтини ли лебот?

0
359

Овогодинешната жетва доведе пониски приноси пченица, а пониска е и откупната цена која се движи од 9 до 11 денари. Со оглед на ваквата состојба, се повеќе се поставува прашањето дали е возможно поевтинување на лебот. Заменик министерот за земјоделие, Ванчо Костадиновски вели дека секогаш цената на производите се формира согласно цената на суровините и главниот инпут во таа состојка.

-Во оваа прилика можам да кажам дека сега за сега не очекуваме некои поместувања на цената на лебот на пазарот, рече Ванчо Костадиновски, заменик министер за земјоделие.KOSTADINOVSKI

Квалитетот на овогодинешното брашно ќе биде на високо ниво, вели министерот, а од страна на увезеното брашно вели дека се што е квалитет може да се најде во маркетите и во трговијата на мало и големо.

-Неквалитетно брашно нема да толерираме. Увозниците не се доволно мотивирани затоа што цената за дистрибуирање до маркетите е повисока отколку со наше брашно, вели Костадиновски.

Оваа година пелагониските земјоделци долго ќе ја паметат, по релативно ниските приноси. Производството ќе биде преполовено, со просечни приноси од два до три тони по хектар.