Ќе прелее ли Црна за време на есенските дождови?

0
323

Години наназад, уште пред поплавите на Пелагонија, се иницираше прашањето за чистење на коритото на Река Црна, нечистено повеќе од 3 децении. Владата во неколку наврати доделуваше нафта на Битолско поле, но без соодветната механизација се покажа активноста како неуспешна, откако Црна поплави многу ниви и населени места почнувајќи од Тополчани низ Могила, па до Новаци и битолските села. Кон средината на август, општина Новаци почна превентивно да ја чисти тревата и вегетацијата, но крупен зафат за чистење на наталожените 2 метра ѓубре сеуште нема. Координативноо тело за чистење на река Црна, составено од претставници на општините Новаци, Могила, Битола и Прилеп како и водостопанските претпријатија на овие општини постојано се во контакт со МЗШВ и ДЗС.

lazar kotevskiОва е превентивно чистење од вегетација и поправка односно враќање во првобитна состојба на разрушените насипи на река Црна и Елешка како и на 5-ти,9-ти и 10-ти канал. Aкцијата ќе опфаќа вкупно 30 км речно корито односно 20 км од Прилеп до Битола и уште 10 км до с.Брод т.е по 10 км во секоја од општините:Новаци, Могила и Прилеп. Планирано е машинско чистење на речните корита од висока и ниска вегетација и нивно депонирање, машинско разастирање на ископаниот материјал со оформување на насипи, сечење и извлекување на дрвја, довоз на земја 3-та категорија за насипот и слично, вели Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

secen patot novaci

Битолскиот регион на Пелагонија има околу 135 километри каналска мрежа. Оваа акција ја најави и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, Ванчо Костадиновски, при неколку посети на овие пелагониски општини, истакнувајќи дека Владата донесе Акционен план за темелно чистење, а се однесува за превентивна заштита од наредната сезона. Котевски истакна дека се водат преговори и околу санацијата на регионалниот пат кој за време на поплавите беше сечен. Досега немало сообраќајни незгоди и санацијата на патот е под Министерство за транспорт и врски.