Ќе продолжи борбата за измена на моделот на екстерното тестирање

0
93

Барањето на Средношколскиот пленум беше екстерното тестирање да се стави во мирување оваа година и оценките на матурантите кои го полагаа во јануари да не влезат во свидетелствата.

„Имавме и одредени отстапки, предложивме да се оди со оној словенечки метод на тестирање со кој тестирањето се спроведува по анонимен пат со статистичка цел, без притоа оценките да влегуваат во просекот. Но за жал тоа не го прифатија, но не знаеме зошто. Видете, многу е непријатно што само со еден тест некој може да го расипе целиот просек на крајот од годината. Просекот се вади така што од 12 наставни предмети на пример се додаваат и оценките од екстерното се собираат и тоа се дели со 14 и автоматски се добива помал просек. Затоа велиме дека ние не сме против укинување на тестирањето, но инсистираме постојниот модел да претрпи промени. Нека не се укинува, но да се смени. Затоа ќе продолжиме со нашите активности и во наредниот период, посебно од септември со стартот на новата учебна година”, вели за Дојче веле Александар Милески од Средношколскиот пленум.