Ќе растат предизвиците од мигрантскиот бран

0
230

Премиерот Никола Груевски во обраќањето по повод Денот на Републиката се осврна и на проблемот со мигрантскиот бран, посочувајќи дека тоа е меѓу проблемите и заканите на денешното време. Рече дека Македонија засега добро се справува со овој глобален проблем.

– Мигранскиот бран што ја зафати Европа, ја стави Македонија засега во својство на транзитна држава, со можност тоа во иднина да се промени, и да почнат мигранти од различни азиски или африкански земји да се задржуваат во Македонија. Тоа е и доправа ќе биде сериозен предизвик. Ако некој мисли дека оваа мигрантска криза е некаков бран кој ќе помине набрзо, се лаже. Ова е само почеток на еден вид нова голема преселба на народите, која допрва ќе добие замав. Засега добро се справуваме, но предизвиците ќе растат. Ќе бидат потребни дополнителни напори, мерки, и политики, рече Груевски.