Ќе се чисти бујната вегетација на Црна

0
201

Реката Црна, реката која беше најголемиот проблем при зимските поплави ќе се чисти во должина од 30 километри, од Тројкрсти кај Прилеп до селото Брод, на самата граница на Грција. Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски е назначен за главен координатор на акциониот план на Владата каде се предвидени активности за темелно расчистување на коритото на Црна.

Котевски вели дека ова е превентивно чистење од вегетација и поправка односно враќање во првобитната состојба на разрушените насипи на реката Црна и Елешка како и на 5-от, 9-от и 10-от канал. Aкцијата ќе опфаќа вкупно 30 км речно корито односно 20 км од Прилеп до Битола и уште 10 км до с. Брод т.е по 10 км во секоја од општините: Новаци, Могила и Прилеп.

Градоначалникот Котевски вели дека сега се планира само машинско чистење на Црна од високата и ниската вегетација, како и санирање на пропустите. Во наредниот период, со друга програма, Црна ќе се чисти целосно и детално во должина од 50 километри. Затоа веќе се прави студија за оправданост и откако ќе биде готова, ќе се пристапи кон комплетно чистење на Црна Река.