Ќе се градат нови патишта

0
466

Со инвестициски тендер од 800 милиони евра министерот за транспорт најавува изградба и реконструкција на неколку автопатски делници ширум земјава.

Седум милиони евра за обнова на Автопатот Смоквица-Гевгелија,  16 милиони евра за  Куманово-Миладиновци, изградба на автопатска делница Требениште – Струга за  45 милиони евра, рехабилитација и на автопатска делница Неготино – Демир Капија и распишување за јавен повик за  јавно-приватно партнерство за изградба на автопатот Скопје-Блаце се плановите кои вчера ги соопшти министерот Мисајловски.

Најави има и за обнова на  регионалните и магистралните патишта Кочани – Делчево, експресниот пат Градско – Прилеп, Охрид-Пештани, Штип-Кочани, Штип-Радовиш… а треба да почне и изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка.

Во фокусот на најавени реконструкции спаѓаат и 46 локални патишта во 36 општини за кои Министерството ќе издвои  7,2 милиони евра.