Ќе се гради Меморијален парк „Еврејски гробишта“ во Битола

0
1239

Двајца експерти за конзервација на еврејски гробишта ширум светот заедно со израелскиот амбасадор во Македонија денес беа во посета на битолските еврејски гробишта и извршија увид на проектот за изградба на Меморијален парк „Еврејски гробишта“. Двајцата експерти доаѓаат за да извршат прелиминарна дијагностика на состојбата на терен и да дадат стручна експертиза за понатамошното развивање на техничкиот проект за создавање на Меморијален Парк. Со идејата и иницијативата биле запознати три владини министерства и локалната самоуправа.eksperti 1

-Сега кога експертите го видоа местото, сигурен сум дека во текот на денот ќе имаме дискусија за можностите, но ако нешто е јасно тука е силната врска меѓу Израел и Македонија кои имаат уште еден мал предизвик. Многу поголем отколку што мислев, но подготвени сме за предизвикот, а се надеваме и вие. Сигурен сум дека ќе направиме прекрасна работа заедно, ќе започнеме со засадување дрвја, имаме визија секој Евреин кој е тука закопан да има дрвo, а на дрвото табла со неговото име. И како што ќе доаѓаат луѓњето да се поврзат со минатото, да има нешто што ќе остане како спомен, зашто знаеме дека денес во Битола нема повеќе Евреи, изјави Дан Оријан, амбасадор на Израел во Македонија. dan

Амбасадорот истакна дека за овој проект има интерес и во Израел бидејќи освен универзитетските центри поддршка даваат непрофитни организации. Ќе бидат ангажирани и стручњаци од Велика Британија и САД. Експертите кои денес го прегледуваа теренот истакнаа дека забележале неверојатни работи напишани на хибру и ладино јазикот на сафардите од Битола.