Ќе се гради ограда и на Меџитлија

0
668

Со цел да се спречи напливот на илегални мигранти, но и заради тоа што делот од граничниот премин Меџитлија е порозен, ќе се подигнува жичана ограда на овој премин. Веста на АФП кои се повикаа на неименуван воен извор за новата ограда во Македонија, денес ја пренесуваат и светските медиуми.

Инаку од АРМ веќе започнаа со активностите за поставување на оградата, започнато е да се поставуваат бетонски столбови, а откако ќе се постават тие, следува жичаната ограда.GRANICA 1

Оградата започнува од самиот граничен премин вдолж граничната линија со Грција до котата 158 кај селото Драгош. Од преминот до котата има околу 10 километри.

Засега состојбата на овој премин е мирна, нема раздвиженост и нема мигранти.

Кон крајот на ноември беше довршена оградата од бодликава жица на граничната кон Грција кај Гевгелија, во должина од три километра, а висока два ипол метра.

Според некои медиуми, жицата за оградата и во Гевгелија и во Меџитлија е подарок од унгарската влада.

Инаку од 19-ти ноември македонските власти почнаа да ги филтрираат имигрантите според земјите од кои доаѓаат, така што се пропуштаат само оние коишто доаѓаат од земјите коишто се зафатени со борби, како Сирија и Ирак. Поради тоа на границата во делот кај Гевгелија се случија неколку инциденти од имигранти кои се квалификувани како „економски мигранти“, кои останаа на просторот меѓу двете граници.
Околу 1.200 лица, главно до Пакистан, Мароко и Иран, останаа на ничија земја, откако државите на т.н. Балканска мигрантска рута почнаа да ги пропуштаат само оние од воените подрачја.