Ќе се гради сообраќајница во индустриската зона Прилеп 1

0
250

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески заедно со градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, го потпишаа договорот за грант меѓу Министерството за финансии и општината за изградба на сообраќајница во индустриската зона Прилеп 1.

Вкупната вредност на проектот изнесува 8.456.749 денари, информираа од оптина Прилеп.

За време на посетата,велат оттаму, вицепремиерот Ставрески се сретна и со бизнисмените на градот, каде се запозна со начинот на кој општина Прилеп ги подобрува условите и поволностите за инвестиции и плановите за понатамошен развој на стопанството како и можностите за привлекување на странски и домашни инвестиции во индустриските зони.