Ќе се испитува дали поплавената почва е загадена

0
294

Министерството за земјоделство ќе ја испитува почвата во поплавените подрачја. Примероци ќе бидат однесени на анализа во лаборатории и за 10 дена ќе се знае дали земјоделците ќе можат повторно да ги сеат и обработуваат нивите, најави заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски

Тој беше во посета на Страчинци заедно со Деканот на Факултетот за земјоделски науки Драги Димитриевски, со професори од Факултетот и стручни лица за да земат примероци и да може да се реализира мерката на Владата за испитување на почвата која беше погодена од поплавите.

Доколку почвата е загадена ќе бидат предложени и преземени мерки за таа да се врати во првобитната состојба пред поплавите.