Ќе се избира петтиот член на ад хок телото за медиуми

0
781

Ад хок телото кое ќе врши мониторинг врз медиумите во предзборниот период, во среда, ќе го избира петтиот член.

Според договорот на четирите политички партии, четворица од членовите се предложени од ВМРО-ДПМНЕ (Слаѓана Димишковска и Цветин Чилиманов) и СДСМ (Горан Трпеновски и Љубомир Костовски), а петтиот член треба да биде од албанската заедница кој ќе биде избран со консензус бидејќи ниту ДИУ ниту ДПА не доставиле свои предлози.

На јавниот повик пријавени се Сефер Тахири, Илир Ајдини, Бесмира Ејупи, Даут Даути, Ајат Реџепи, Фатмир Кријезиу, Лулзим Хамиди и Јосиф Џочков. крај/мф