Ќе се надомести ланската штета од градот во Преспа

0
102

Во наредниве 10 дена жителите на Преспа почнувајќи од денес ќе се обештетуваат земјоделските површини кои настарадаа од ланскиот град.

М-р Ѓоко Стрезовски градоначалник на Ресен вели дека ќе бидат обештетени 1468 земјоделци.
На 22 ри јуни, 28те населени места во Преспа кои имаа штети на 1602 хектари ќе бидат обештетни во висина од 15% од вкупната процена на штетата.
Веднаш по штетата лани, Стрезовски додаде дека експресно биле формирани 5 комисии.
Ова обештетување доаѓало во момент кога Преспанскиот земјоделец бил исправен пред предизвикот да произведе конкурентно јаболко со кое ќе ги освојува пазарите.