Ќе се пошумува над Кркардаш

0
1022

Ги повикуваме граѓаните да се вклучат во акциите за пошумување кои ќе ги организираме во две следни недели на 06 и 13 март 2016 година. Во насока на одржување на континуитет на вакви акции, како и поради одличното позитивно искуство од претходните пошумувања, повторно ве повикуваме да земете учество на една ваква благородна акција за сите нас. И овој пат ќе се засадува на ридовите над манастирот Св. 40 Маченици – Кркардаш. За таа намена, обезбедени се садници, алати, оброк , како и превоз за сите заинтересирани граѓани за пошумувањето. 

Превозот ќе биде организиран од две локации во градот и тоа:
1. Нова Битола на паркингот пред Веро
2. Пред хотел „Епинал“ 

Поаѓање во 11:00 часот.

Дојдете на чист воздух, рекреација и пред сè, прекрасна дружба.

Бидете дел од иднината на Битола!!

*иако се обезбедени одреден број алати, можете да понесете и ваш алат доколку сте во можност.

Недела 06 март 2016, изјави Илија Балтовски Здружение „За нас се работи“

Без коментари

LEAVE A REPLY