Ќе се прават пристапните улици во општина Могила

0
996

Со 1 милион евра обезбедени од УНДП и од ИПА Програмата општина Могила ја започна градежната сезона. Ќе се прават пристапните улици до секоја куќа од оваа општина, најви градоначалникот Пивковски

-Со финансиска поддршка се обезбедени средства за пристапни улици до два манастири а тоа е патот во Лознани до манастирот Кирил и Методи и патот до манастирот Св.Јован во Беранци, изјави Стево Пивковски, градоначалник на Могила

Обезбедени биле средства преку агенцијата за финансиска поддршка за поврзување на село со регионален пат

-Тоа ќе го реализираме во населените места Добрушево со Мусинци и регионалниот пат Вашерејца-Бучин, поврзување со населеното место Свето Тодори. Завршена е јавната набавка обезбедени се средства и очекуваме за 5 дена да почнат градежните активности, во овие места кои што се најоддалечени од општина Могила, рече Пивковски

Што се однесува до канализацијата, решение за канализациони системи има само во Могила. Направени се околу 150 приклучоци, и оваа година останува да се приклучат останатите објекти, вели Пивковски. Но што е со останатите села од оваа општина?

– Мора да се обезбедат дополнителни средства за да се направат канализациони системи во останатите села од оваа општина, додаде Пивковски

Со инфраструктурните зафати ќе бидат опфатени околу десеттина села од општина Могила

Без коментари

LEAVE A REPLY