Ќе се прави ајвар или не?

0
1399

Септември е месец на подготовка на зимница. Тезгите  во Битола тежат од стока. Откако домаќинките ги нанижаа црвените пиперки, сега следува сезоната на правење на ајварот. Цената на пиперката ајварка иста како лани. Од 25 до 40 денари. Ако купувате на кило тогаш ќе платите  и до 40 денари, а доколку ви треба една вреќа од околу 30 килограми тогаш можите да ги купите по цена од 25 денари. Продавачите велат дека сега почна сезоната на ајварите, луѓето доаѓале прашувале за цената, а имало и такви кои купувале, но се пожалија на ниската откупна цена кај овластените откупувачи


Обично зимниците се колективен ритуал на чие спремање учествуваат сите членови на семејството.Повеќето домаќинки се одлучуваат на макотрпна работа зошто домашната зимница е повкусна од купената. Од цената на пиперката ајварка велат дека се задоволни.

Факт е дека традицијата си е традиција. Се имало или немало пари есента е дарежлива, па и годинава очигледно секоја домаќинка ќе се снајде за да направи некоја тегла од надалеку пазнатиот специјалитет ајварот.

Без коментари