Ќе се продава објектот изграден во 1911, споменик на културата

0
1047

Ќе се продава офицерскиот дом во Битола. На системот за електронско јавно наддавање излезе оглас за продожба, со почетна сума од 55.608.730,50 денари. Стварите кои се дадени на продажба се продаваат како една целина. 

Јавното наддавање за продажба на недвижните ствари  ќе се одржи на  ден 19.02.2016 година во 12,00 часот. Право на учество на електронското јавно наддавање имаат сите  домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на недвижни ствари на територијата на република македонија согласно со закон.

01 офицерскиОфицерскиот дом е изграден 1911 година од управникот на битолскиот вилает Абдул Керим Паша, комплетно довршен 1919 година. Исто познат како сарајот на Абдул Керим Паша.

Редок пример на архитектура, со голема и одмерена архитектонска естетика, која покрај генерални стилски карактеристики, носи и печат на оригиналност и неповторливост. Карактеристични се еркерните балкони, покривната стреа и надвишувањето на четирите кули. Го нарекле и бисер на Битола!

Изграден како палата за свечени приеми, забава и одмор. Одржувани се безбројни балови. Влезот бил дозволен само за генерали и офицери. Престојувале важни личности од политичкиот и општествениот свет на некогашна Југославија.

Во поновата историја објектот неколку пати е префрлуван од едно на друго министерство, па на трето министерство, како и на локалната самоуправа. Имаше обид за издавање под коцесија на многу години, со услов за реконструкција, но пропадна, а имаше реакции дека наводно требало да се претвори во казино. Со пари од странство се реконстрираше домот, последниве години особено во летниот период се користи за настани од Бит фест. Служеше и за снимање на филмови.

Многумина поединци и организации често предупредуваа на негрижата кон овој споеник на културата, со петиции се бараше поголема грижа од властите. И денеска на интернет има многу реакции за ваквата намера да се продаде овој дом.

02 офицерски 1

Опозицијата потсетува на како што вели ветувањето на Талески на битолчани дека  Офицерскиот дом нема да се продава, туку ќе се даде на концесионер на повеќегодишно користење.  Од општина Битола велат дека доколку се најде начин за целосна реконструкција на офицерскиот дом условот е едниот, односно долниот кат целосно да се отстапи за потребите на општината. Без разлика кој ќе биде сопственик, општина Битола бара овој услов максимално да се исполни, велат од таму.

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY