Ќе се продава Офицерскиот дом во Битола

0
1690

На системот за електронско јавно наддавање излезе оглас за продожба на офицерскиот дом во Битола. Во огласот стои дека на ул. „М. Тито“, Битола, лоцирани на КП бр. 16702/1, запишани во ИЛ бр. 10303, КО Битола 3, објекти на поранешен „Офицерски дом Битола“, во површина од 1.970м², предвидени со ДУП за „Централно градско подрачје 4 дел“, општина Битола. Вкупната проценета вредност на недвижните ствари во описот на огласот изнесува 55.608.730,50 денари и истите се продаваат како една целина.  Почетната цена за електронското јавно наддавање за недвижните ствари  изнесува 55.608.730,50 денари.     Јавното наддавање за продажба на недвижните ствари  ќе се одржи на  ден 19.02.2016 година во 12,00 часот. Право на учество на електронското јавно наддавање имаат сите  домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на недвижни ствари на територијата на Република Македонија согласно со закон.

За ова денеска се огласи опозициската СДСМ.

„ Власта на ВМРО-ДПМНЕ на 19 февруари по пат на јавно наддавање со стартна цена од 900.000 евра ќе го продаде најатрактивниот културно-историски обејкт на балканот, но и пошироко, Офицерскиот дом, обејкт со околу 2000 метри квадратни корисна површина. Да потсетиме, градоначалникот Владимир Талески им вети на битолчани дека  Офицерскиот дом нема да се продава, туку ќе се даде на концесионер на повеќегодишно користење“ вели Васко Ковачевски претседател на ОО на СДСМ и пратеник во Собранието на Македонија.

Од општина Битола велат декa доколку се најде начин за целосна реконструкција на Офицерскиот дом во Битола условот е едниот односно долниот кат целосно да се отстапи за потребите на општината. Без разлика кој ќе биде сопственик, општина Битола бара овој услов максимално да се исполни.

За реакцијата на СДСМ велат дека никој не им брани да учествуваат во транспарентната постапка што се води преку државните институции каде што тие на незаконски начин имаат свои претставници.

Без коментари

LEAVE A REPLY