Ќе се реконструира до октомври в година

0
366

До октомври 2016 година, битолската болница ќе добие нов лик, а темелна реконструкција ќе се прави и внатре. Реконструкцијата опфаќа две фази. Во првата фаза ќе се промени покривот, ќе се промени целата дограма, а ќе се постави и енергетски ефикасна фасада. Битолската болница досега за греење трошеше околу 600 милиони евра годишно, но со новата фасада и прозори се очекува заштедата да биде околу 180 илјади евра годишно.

-Според податоците имаше губење 30% од одвод, довод, хоризонтала и вертикала, 30% од котларата и 35% од самата дограма, неизолираноста. ќе се заштеди и до 35 проценти од досегашните трошоци за греење, средства што ке можеме да ги пренамениме во дополнително модернизирње на установата, изјави д-р Василе Најдовски, директор на Клиничка болница Битола.vasile

Втората фаза предвидува реновирање на операционите сали, двокреветните соби, санитарните јазли, електричната инсталација, како и промена и адаптација на лифтовите за комунален и медицински отпад. Дополнително ќе се набави и бронхоскоп и апарат за ЕХО-дијагностика на белите дробови. Исто така предвидена е и обука и доедукација на медицинскиот и помошниот медицински персонал.

-Во последните 3 години до крајот на оваа година ќе бидат обучени 100 доктори. Динамиката на пополнување на кадарот сега е подобра од пред десетина години, вели Најдовски.

Предвидено е битолската болница да добие и субспецијалисти кои досега ги немало, со цел пациентите од Битола и регионот да не мора да патуваат до Скопје, истите услуги да ги добијат и во Битола.bolnica 1

Во тек е тендерот за изведувачот на работите во болницата.

-Зависи кога ќе заврши тендерот, може да има жалби од други фирми. Но има рок кога да се почне со работа. Ние како Јавна установа мора да функционираме, а работата да продолжи, вели тој.

Почетната вредност на проектот е 130 милиони денари.

Без коментари

LEAVE A REPLY