Ќе се реконструира црквата Св Атанасиј во Новаци

0
376

Во тек се преговори за реконструкција на црквата СВ.Атанасиј во Новаци. Ова го најави градоначалникот при прославата на овај празник кој заедно со неговите сожители присуствуваше на светата божествена литургија и прославата во црковната сала.

-Во тек се преговори за започнување на проект кој што ќе овозможи реновирање на црквата Св.Атанасиј во Новаци, планирано е да се опреми капелата, а и да се оградат гробиштата, изјави Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци

Секоја година традиција е стариот кум да меси погача со златно крвче која се дели на сите присутни во црквата и оној кај кој ќе се падне крстот е новиот кум за следната годија.Годинава по втор пат најсреќен беше Пецо Ристевски  од Новаци.

-Во мене се падна крвчето и јас ќе бидам новиот кум за Св.Атанасиј в година.Среќен сум и им посакувам среќа на сите жители на општина Новаци и пошироко.Господ да им подари здравје на сите изјави Пецо Ристевски  од Новаци

Ваквиот начин на прослава според градоначалникот значи зачувување на традицијата и верата.