Ќе се реши проблемот со струјата кај Ромите во Битола?

0
1694

Сведоци сме дека во повеќе наврати жителите на битолската населба Баир, незадоволни од тоа што останале без струја, го блокираат регионалниот пат Прилеп- Битола- Ресен. Блокадите често беа во зимскиот период со поставување на камења и автомобилски гуми, а палеа и оган. Најверојатно проблемот со електричната енергија ќе биде наскоро решен. Барем така вети министерот без ресор Самка Ибраимовски при последната посета на Битола. Тој рече дека ќе биде решен и проблемот со водоснабдувањето.

– Имавме средба со службите на ЕВН  за подобрување на нопојувањето на електрична енергија и сметаме дека во брзо време ќе имаат електрична енергија и левата и десната страна. Имавме разговор и со директорот на Водовод , а ќе разговараме и со директорот на ЈП Коминалец . Се надеваме дека ќе се решат најосновните потреби на населението а тоа се струја и вода ,изјави Самка Ибраимовски, Министер без ресор во Владата на Р.Македонија.

Но тука се поставува прашањето како ќе се реши проблемот со наплатата кога повеќето од граѓаните од Ромска националност се социјални случаи?

– Во делот на плаќањето имаме владина програма каде што секое социјално семејство ќе добие ваучер, и ќе можи да си го плати тоа што го потрошил.Меѓутоа секој онај кој што сразмерно нема да ја троши електричната енергија према ваучерот кој што го има , остатокот-разликата што останува ќе си го плати. Се знае колку треба да потроши едно социјално семејство, направени се анкети, и према тие проекции ќе се даде и ваучерот што ќе биде потребен. Ќе се врати ефтината тарифа на струја за сите граѓани, ќе се зголеми социјалната помош, и према тоа ќе се води сметка за потрошувачката на едно семејство, додаде Ибраимовски

Министерот најави дека тие како влада ќе интервенираат и во делот на домувањето.

Без коментари