Ќе се смени удобната позиција на Грција

0
505

Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц оцени синоќа дека поради одлуката на другите држави да го ограничат прифаќањето бегалци, ќе се смени и позицијата на Грција, за која рече дека досега била многу удобна.

По завршувањето на еднонеделната балканска турнеја, Курц рече дека европската политика кон бегалци мора да се откаже од неограничено прифаќање и наместо тоа да се заложи за пружање повеќе помош на самото место.
– Грција во моментов е во многу удобна ситуација, бидејќи речиси ниту еден бегалец не се задржува во таа земја подогло од 24 часа. Ако таа ситуација се смени, Атина одеднаш би била подготвена да ја прифати понудата од ЕУ, убеден е Курц.
Што се однесува на бегалците кои бегаат преку море, тој вели дека најдобро решение би било кога спасувањето не би било врзано со понатамошен транспорт во централна Европа.

Без коментари

LEAVE A REPLY