Собранието одлучи: Ќе се снима обуката за полагањето на авто- школа

0
1650

Авто-школите што вршат практична настава своите возила ќе мора да ги опремат со камери што ќе ја снимаат обуката.

Ако се постапи спротивно на законските одредби, на автошкола ќе ѝ се изрече глоба во износ од 5.000 евра, а на одговорното лице во автошколата што постапува спротивно на одредбата ќе му се изрече глоба во износ од 30 отсто од одмерената глоба за автошколата, предвидува новиот закон.

Според член 233 од законот, возилата за обука треба да бидат опремени со соодветен уред-камера со двострано снимање со сопствен извор на напојување кое овозможува видео и аудио запис со можност за архивирање и документирање на снимените податоци.Истите треба да се чуваат и во автошколата 90 дена од денот на издавањето на потврдата за оспособеност на кандидатот за возач. Во случај кога се врши оспособување кандидати за возачи за управување со возило со автоматски менувач, автошколата мора да има најмалку едно возило со автоматски менувач во сопственост на авто школата или под закуп опремено со соодветна камера.

Проблем е тоа што сега ќе мораме да имаме камери во возилата при секоја обука на кандидат. Тоа дополнително значи трошок за мемориски картички, трошок за самата камера, која ќе чини околу 600 евра. Како да се согласам со измените на законот за авто школа кога ние немаме правилник за работа во авто школите?- Вели иснтруктор од битоласката автошкола.

Дополнителен проблем е тоа што камерите ќе го следат и времетраењето на работата на инструкторот бидејќи новиот закон предвидува дека возачот-инструктор во автошколата не смее непрекинато повеќе од два часа да врши оспособување за практично управување со возило, а вкупно со прекините за одмор најдолго девет часа во текот на едно деноноќие.

Во автошколите што ги контактиравме велат дека најголемиот непријател на кандидатите за возачи се тремата и стравот од евентуална грешка во возењето, и дека камерите воопшто нема да помогнат во нивно искоренување.

Од самото чувство дека камерата снима и инструкторот е под стрес и не можи да го опушти кандидатот – вели инструктор од битолска автошкола.

Додека најголем проблем на битолските авто-школи му е тоа што немаат полигон, инструкторите ги носат кандидатите во Припел и Ресен, тие превзеле иницијатива за да се изгради нов полигон или да се купи стариот но тоа било безуспешно.

Без коментари

LEAVE A REPLY