Ќе се вкрстуваат податоци од 13 институции

0
401

Државната изборна комисија на седница синоќа ја усвои процедурата за користење и обработка на лични податоци при вршење на вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденција.

Таа предвидува дека при прочистувањето на избирачкиот список треба да се вкрстуваат податоците од 13 државни институции: Фондот за здравство, МВР, Фондот за пензиско осигурување, УЈП, Државен завод за статистика, Катастар, НБРМ, општините, Водовод и канализација…

За да започнат со конкретна работа на Избирачкиот список од ДИК се уште ја чекаат методологијата што треба да ја предложат политичките партии, потписнички на договорот од Пржино.

Пред неколку дена ВМРО ДПМНЕ и ДУИ соопштија дека оставаат ДИК да ја определи методологијата, а тие ќе прифатат се што ќе биде предложено.

Без коментари

LEAVE A REPLY