Ќе се вработуваат 19 лица во општина Битола

0
5482

19 државни службеници ќе се вработуваат во општина Битола.  Огласот го објави Агенцијата за администрација. Сите работни места се со полно работно време, 40 работни сати неделно. Беше објавен на 26 август, а ќе трае до 9 септември.
А за кои работни места се барат кандидати.

Snap 2016-08-29 at 23.15.29
Раководител на одделение за административни и општи работи, Одделение за административни и општи работи, Сектор за правно нормативни административни и општи работи, Паричен нето износ на плата: 28.512,00 денари. За ова место можат да конкурираат Македонци.
И второто место е за Македонец односно Македонка. Виш Соработник за координација на активностите на секретарот. Паричен нето износ на плата: 21.984,00 денари.
Две работни места соработник за предлози за експропријација.  Паричен нето износ на плата: 21.201,00 денари. И двете места за кандидати од македонска национаоист.

Помлад соработник за недвижен имот. Паричен нето износ на плата: 19.634,00 денари.
Советник за планирање и извршување на буџет. Паричен нето износ на плата: 25.108,00 денари.  Помлад соработник за пријавување и плаќање на обврски,  Паричен нето износ на плата: 19.634,00 денари. Помлад соработник за организациска и административна подршка во администрирањето со приходи,  Паричен нето износ на плата: 19.634,00 денари. И за овие четири места се предвидени кандидати од македонска националност.

Snap 2016-08-29 at 23.16.12
Советник за водење на постапка за јавни набавки, паричен нето износ на плата: 25.108,00 денари. Ова место е за кандидат од ромска националност.
Самостоен референт за облог на данок на имот,  паричен нето износ на плата: 15.451,00 денари. И ова работно место за Македонец.
Виш соработник за подготовка на материјали и документи за буџетска контрола,  Паричен нето износ на плата: 21.984,00 денари, местото е предвидено за македонец.
Советник за управно правни работи од спроведување на урбанистички планови. Паричен нето износ на плата: 25.108,00 денари.  Советник урбанистички планер,
Паричен нето износ на плата: 25.108,00 денари.

Следното работно место за кандидат Албанец, советник за локални патишта и улици. Паричен нето износ на плата: 25.108,00 денари.

Помлад соработник за организациска и административна подршка во комуналните работи, Паричен нето износ на плата: 19.634,00 денари.
Советник за подготвување на проектна документација за добивање на одобрение за градба,  Паричен нето износ на плата: 25.108,00 денари.
Помлад соработник за организациска и административна подршка во реализација на проекти од економски развој,  Паричен нето износ на плата: 19.634,00 денари.
Помлад соработник за спортски објекти и манифестации,  Паричен нето износ на плата: 19.634,00 денари.
Виш соработник, веб администратор, Одделение за информатичка технологија, . Паричен нето износ на плата: 21.984,00 денари. И послените пет работни места се предвидени за кандидати Македонци.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. Проверката на пријавените кандидати ќе помине низ четири фази. Во огласот исто така е наведено дека лицата кои дале лажни податоци се запишуваат во Регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор. Истите не можат да се вработат во јавен сектор во период од десет години од денот на утврдувањето дека доказот е лажен.

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY